игра (имн.) - може (гл.)

Играта може и сами да си ја предадеме и натаму да ја водиме, да им дозволиме на сопствените бранови да нѐ однесат кон нови ловишта, кон нови возбуди.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тоа дури имаше и своја добра страна, зашто меѓу врсниците во игра може да се изроди и тепачка, додека меѓу Кирил и Бојан тоа беше невозможно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Може да се случи да вечераш со некого кој, откако ќе го примиш в друштво, ќе се обиде да го искористи тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во игрите може да се влезе на стотици начини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во нејзината оценка беше присутна пред се поуката. – Знаеш, сине, таквите игри можат да бидат и непријатни! - Зошто? - прашав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)