игра (имн.) - од (предл.)

Ако барам пред себеси оправдување, го имам: ја прифатив играта од немајкаде.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Класификаторската вештина, енциклопедизмот, цитатите и илузионистичките игри од историјата на сликарството неодвоиви се од неговото авторско писмо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Месечината беше пред мена и, во својата последна полноглавост за тие летни мигови, го исчекуваше својот необичен познајник за весела игра од која собата мирисаше на пресно ископан гроб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)