игра (имн.) - ќе (чест.)

Но тоа го правев само во моментите кога ќе се исплашев дека ваквите изблици на среќа може и да секнат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Штом играта ќе нè замореше, ние седнувавме на чаталот и почнувавме со приказни.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кожата му се наежи, како кога некое другарче како дел од детската игра ќе почнеше да стружи стрипор од ќошот на бетонскиот ѕид на зградата каде што живееше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Можеби претерував кога после интимните игри ќе изјавев дека сум тонел до грло во сладостите што таа знаеше да ми ги приреди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)