идеја (имн.) - му (зам.)

Поновите истражувања, засновани на современиот научен пристап на личноста, во многу што успеаја да го тргнат велот на тајната од творештвото, но и понатаму го поддржуваат ставот дека творештвото, првенствено уметничкото, во суштина е абнормална состојба, бидејќи во моментите на интензивно вдахновение ги има сите карактеристики на присилно невротично дејство, кога творецот чувствува дека извесни идеи му се наметнуваат со некоја натприродна сила така што делото не е сосема негово туку и на некоја мистична сила која му го диктира стихот (Блејк), мелодијата (Моцарт), линијата или обликот (Микеланџело), коишто треба да се извлечат од дотогаш неорганизираната материја и да им се даде форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оваа згодна идеја му се свиде на Трајчета и праша: - И другите ли така ќе направат?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И токму во овој миг идејата му дојде сама од себе: Таму беа поставени петнаесет слоја цементни блокови, врз цементните темели каде што лежеше заробената сенка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На Татко оваа идеја му се виде прифатлива и чудесна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И тоа се случи во еден миг, додека разговараше со Бил Девит, таа идеја му дојде многу едноставно и многу директно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Откако расчистија кои генерални западни идеи му недостигаат на Балканот, а тие беа во книгите на нивните библиотеки, заробени во лавиринт, откако му реферираше на Камилски, Татко според своите источни книги, за лавиринтот според источните монотеистички религии, посебно се задржа на Кабалата: Кабалата уверуваше Татко трага по скриените патишта на мудроста со зближување на зборови со навидум мошне оддалечени значења, споредувајќи ги нумеричките вредности на нивните букви.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)