идеја (имн.) - ќе (чест.)

Камилски утешно си велеше дека зборовите, во случајот турцизмите, повеќе мислат за нас отколку што ние мислиме за нив!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се појавуваат идеи дека еден ден веќе нема да бидат потребни технички средства за пренос, туку и мислите и идеите ќе се одвиваат низ чиста размена по пат на мозочни бранови што ќе пулсираат низ целиот свет, секој пронаоѓајќи ја својата цел во тој „организиран хаос”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Веруваа дека идеите ќе ги зајакнуваат најнеочекуваните зборови, посебно од редот на туѓите заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се сомневам дека таа идеја ќе може да ја потисне бугарската ако остане само како чисто и голо спротивставување па затоа српската идеја би имала голема полза од еден свој сојузник кој би бил остро спротивставен на бугаризмот и кој би содржел во себе елементи што ќе можат да го привлечат народот и кои ќе му бидат блиски на неговите чувства, и кои ќе го отцепат од бугаризмот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Значи јас ќе морам да ставам во неа апарат што ќе го претставува мојот вкус за избор на деловите. ñДали идејата ќе ти се допаѓа и тогаш, кога Брајан Ино сурогатите, ќе почнат да ги прават твоите најдобри дела?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)