иднина (имн.) - е (гл.)

За Македонците, згутавени во беда и неизвесност, по плитарски и каменоѕидни куќи скоро без прозорци или по зандани, едни, а други собрани во секакви војски, иднината е нејасна, повеќе матна и разбуричкана отколку привлечна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ноќе зјапавме во небото скокавме во мислите од ѕвезда на ѕвезда и јас како постар ѓоа те подучував дека патот до среќната иднина е поплочен со светнати ѕвезди.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Градот осамнуваше со старите, но и со нови плакати, пароли: – Да живее социјализмот, Наша иднина е комунизмот, Тито – Сталин иднина, Смрт на класниот непријател, Братство–Единство, Смрт на шпекулантите, Да живеат задругите, Смрт... Смрт на овој, смрт на оној.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се знае дека првиот вистински чекор за успех во иднината е самодовербата на нас луѓето, во себе си, како нација, како Македонци, да се цениме себе си, да си ги познаваме корените, да си ги почитуваме предците!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ме учите дека минатото не постои, дека иднината е отворена.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И додека канцерозните клетки на „медитациите“ бавно го убиваат пивтиестото месо на (не)стварноста, иднината е само низа на трошни црвоточни денови, а сегашноста полузадушено се превиткува во пајаковата мрежа на минатото, јас останувам да плутам внатре себеси низ правливите патеки на ништото, отсликувајќи ја бескрајната космичка празнина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Гласот му беше темен кога ѝ рече: „Се шегуваш кога говориш за иднина. Иднината е попска проповед.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)