иднина (имн.) - кој (имн.)

Баш тогаш некој од зад грб те удира по рамо: Мојсеј веќе се вратил од Синај: потпевнувајќи реди пасијанс и со флуоросцентот од десното око се мачи да ја осветли иднината која и онака редовно задоцнува.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Се досега пред себе ја гледаше само онаа замислена прекрасна иднина која длабоко му ја беа вкорениле недоучените партиски секретари и ете, сега, со очај во очите, го гледа безизлезот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако синтезата слика-звук и не делува како среќно остварена во неговата текстуална поезија, сепак сите текстови откриваат оптимизам (“на волјата и духот”) и отвореност за иднината која доаѓа. извор: Филип Филиповиќ, Белешки за Џон Кејџ, СИЦ, 1981. teoriski interludij Уважувајќи ја особеноста, единственоста и уникатноста на Кејџовите вербални дела, можно е да ги поделиме во три групи: - “музикално” формални - оние кои музичките проблеми ги третираат на начин на “музичка” организација на структурата, формата на текстот и сл.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)