иднина (имн.) - во (предл.)

И сега, когасоеден од помалите краци на неговиот вечен Балкан-експрес на постојаното бегство, се доближуваше до Битола, Татко имаше чувство како да се доближува до самото цариградско, отоманско време, кога засекогаш се збогува со својата иднина во Ататуркова Турција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во однос на објаснувањето на овој збор имаше смисла да се трага по неговата суштина, историја и иднина во потрагата со Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како што Климент Камилски не можеше да има среќна иднина во тогашната југословенска Македонија, да го добие своето високо место во хиерархијата на повоената власт во Народна Република Македонија, со оглед на својот деклариран просоветизам, тој дури и невин одлежа строг затвор, така и Татко со својата османскотурска диплома по правни науки и албанското емигрантско минато, кој можеше да смета на висока позиција во хиерархијата на власта на нова Турција, не можеше да смета на позиција во новото југословенско комунистичко општество.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборот изглед (гер. Schein) има ист корен како зборот убаво (гер. schoen) и во иднината во која влегуваме тоа ќе треба да се запомни”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Судбина... а ние мораме да веруваме во иднината во нас... верба само верба...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во ова електронско пространство киберпанкерите ја гледаат иднината во која оние кои имаат информации ќе се одвојат од оние кои ги немаат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Терапевтот будно ги следи телесните реакции на Лена, координираат ритамот на нејзиниот говор и дишење, поставувајќи прашања кои отвараат простор за нови нарации: Ако таа го напушти бракот од љубов и страст за да биде верна како телесните добра сопруга и добра мајка во стабилен дом, кои настани ќе ја обликуваат нејзината иднина во годините што доаѓаат?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мајкл Свонвик (Michael Swan- wick), некогашен антивоен активист (во шеесеттите) нуклеарниот реактор го поставил како тотем на луѓето со ограбена иднина во свет на постеколошки холокауст и на 106 Margina #22 [1995] | okno.mk радијациски болести.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Веруваше дека Германија сепак го сака, но и го штрекнуваа причините поради кои таа не би гледала иднина во заедница со него... ...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Неговите очи зад дебели стакла гледаа негде крај мене, во нешто што е минато или во нешто од што може да се претчувствува одговор на иднината во тоа прашање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој го виде наконтениот овоземен светец како да стои над страницата на албум од една непозната иднина во која сите што ги познава се поинакви, туѓи и одбивни. Не сфати јасно; сонцето повремено му удираше в очи од напукнатото огледалце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И јас губам волја.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ЛЕТАЈ, БРЕЗА, ЛЕТАЈ!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ставив слушалки на уши, си ја пуштив мојата омилена касета и запловив во розови мечти за голема, сјајна иднина во Холивуд.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со многу мака се воздржувам и се нервирам што мајка ми не покажува нервоза, а јасно е дека разговорот нема да продолжи, оти очигледно таа пред неа не сака да зборува за враќањето од иднината во минатото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да се сонува за својата иднина во чудесниот пејзаж може да се смета и за извесна привилегија, но всушност тоа не е толку сигурно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред повеќе од десет години, кога земјите на Европската заедница продолжуваа со повеќе или со помалку среќа да си ја обезбедуваат својата иднина во мир и во просперитет, започнуваше с повеќе и повеќе да преовладува немир сосем близу до нас, на Балканот, каде што првин започна земјата да ја обзема вознемиреност, потоа да доживее силни потреси и на крајот област по област, цели региони да се најдат во рламен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но тоа е помалку значајно, битно беше воодушевувањето и восхитот што ме обземаа од ден на ден од еден опишан лик во книгите, таткото на авторот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога ќе се доближеа туните крај мрежите, морнарите- ловци, матанѕистите ги обземаше необјаснива грозница. Ги шепотеа во себе зборовите - матанѕа, матанѕа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Искрено одговорив: - Почитуван Министре. Не знам што ќе ми донесе иднината во вашата сакана земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обземени, затруени од надежта оти ќе владеат (слично како и тираните), ќе се почувствуваат одговорни за скорешната иднина во која го присилуваат сето битие да владее, да доминира, да убива, за да ја одржи невозможната надеж.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа е пораката што болеста ја праќа од иднината во која допрва ќе се разие до крај.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Златното доба“ или иднината во суштина не нѐ интересира ако треба сѐ напредно ќе собереме во една клада и ќе го запалиме „ќе постапуваме благо и без пролевање крв“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)