избор (имн.) - или (сврз.)

Но, се воведоа и три нови права: •  правото на работникот или работничкиот претставник на синдикално образование (чл. 154, ЗРО/05); •  правото на платено отсуство од работа заради образование од сопствен интерес, и тоа само за деновите кога работникот првпат го полага испитот (чл. 155, ЗРО/05); и •  правото на платено отсуство од работа заради вршење на функции или обврски кои произлегуваат од посебни закони (пр. непрофесионални избрани функции, судии-поротници, воени обврзници и/ли резервисти, како и при вршење одбранбени должности, должности на заштита и спасување и сл.) – чл. 150, ЗРО/05; д) во сферата на мирување на правата и обврските од договорот за вработување, покрај дотогаш постоечките случаи (при неплатено отсуство, при избор или именување на државна или јавна функција и при упатување на работа во странство), се прецизира и мирувањето во случаите на: (1) притвор; (2) изречена казна или воспитна односно заштитна мерка, за период пократок од шест месеци; (3) отслужување воен рок; (4) вршење цивилна служба со надомест и (5) во други случаи определени со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Прво, додадена е дополнителна обврска тој да го замени постојниот технолошки процес со понеопасен, односно побезбеден процес и, вто- ро, овозможен му е избор или со колективен договор да го обезбеди остварувањето на правото на работниците, непосредно или преку свој претставник, да учествуваат во утврдувањето и во подобрувањето на условите за работа и на работната средина – или, да користи надво- решни услуги од специјализирани стручни организации за заштита при работа или лица (чл. 2). 134 Промени има и кај актот на работодавачот со кој се уредуваат од- носите, правата, обврските и одговорноста во заштитата при работа во работната средина.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И дали снегов што не престанува да врне и студов што упорно го потсетува на себе со своето неуморно штипкање по образите, како дебели прстиња на немажена тетка, се негов избор или негова судбина?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Морам со нешто да се окупирам, а и да заработам. – Така кажи! – дофрлив. – Не може да е погрешно она за кое се нема избор или храброст тоа да се направи - продолжував со цинична забелешка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Оние тинејџери од подрачјата каде дрогата е декриминализирана сосема добро ќе се справат со предизвикот отклонувајќи ги опасностите со правилен избор или со одбивање поради самиот факт што многу нешта околу дрогите за нив се демистифицирани...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)