излет (имн.) - со (предл.)

Потоа пробуричка во шупата, додека на една греда не ја најде старата раница со која стариот одеше на редовни излети со своите врсници, а на друга страна обесени на сопствените вкрстени врвки скоравените војнички цокули со очувани пенчиња ама испаднати клинци, како едниствен трофеен плен од поразената кралска војска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш помислив дека мојот денешен излет со Симона можеби беше непромислен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Враќајќи се пијан од еден сладострасен излет со својата цицлеста секретарка, излета со мерцедесот од автопатот, многу близу до местото каде е убиен поетот, и со сета брзина тресна во големото, осамено дрво.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)