илјада (имн.) - прашање (имн.)

Потоа погледна во мене. Во очите ѝ се читаше возбуда, а мене ми се чинеше дека од нив наеднаш искрат барем илјада прашања.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ние многу ја сакаме, таа ни е единствената баба, ама ден и ноќ, триесет дена и триесет ноќи со неа, тоа значи триесет илјади, море како триесет илјади, триста илјади прашања: каде одиш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во очите ѝ се читаше возбуда, а мене ми се чинеше дека од нив наеднаш искрат барем илјада прашања.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кога ќе се вратиш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во темницата под покровчето си даваше сметка за преживеаното денеска и си поставуваше илјади прашања во врска со Крстета и нејзиниот живот со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А што ако Христина не е жива? Ако умрела? Што ако се преселиле и некој друг живее сега тука? Илјада прашања, ниеден одговор.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)