име (имн.) - не (чест.)

Но тоа народно име не си го измислува народот сам за себе, ами со него го вика соседниот народ и тој од него си го зема.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Носителите на тие колца-наречја некогаш се викале „Словени”, а после ту Бугари ту Срби, додека конкуренцијата на овие две имиња не ги направи обете туѓи за Македонските Словени и тие не фатија да се именуваат со старото географско име на својата татковина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А ни името не ми се вклопува во парискиот надреалистички контекст.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Зашто името не ми е смрт. Името ми е рамнодушност.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Јас, па војвода! - се противстави дедо Димо. - Со таа ми ти брада, со тие ми ти мустаќи и со тој твој планински стаж, друго име не ти прилега.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како рече: „Метју”? Ти си Матеј, името не се преведува. Ти плаќа нешто за престојов? МАТЕЈ: Не.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Е, шо велите, шо ќе прајме со името? Ќе го дајте? - А вие? – го прашувам. - Не, ние нема да го дајме. Име не се дава. И вие да не го дајте.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Името не му го спомна. Рај не најдоа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Се сеќаваш ли на мене?“ „Се сеќавам,“ рече, „само на името не можам да се сетам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми ја зеде раката па си ја стави на градите, над срцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
МАКЕДОНИЈА (се викам, името не си менувам) Лулка на желбовиденија, со наросено лице...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
МАКЕДОНИЈА се викам името не си менувам!!!!!!!!!! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Нели, дури ни името не му го спомнуваше? Како да беше мртов. Или загинат во Војната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Или да бегаме, или да ја чекаме војната, овде, во дворов“? го праша некого дедо ти а ни ликата не му ја видовме, ни името не му го знаевме на оној кого го праша.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А сепак, каков-таков, човекот ѝ бил домаќин и маж".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кутрата, дури ни името не му го знаела на оној со кого легнала.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мора вашите имиња да се запишани негде. Имињата не исчезнуваат туку- така.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро, јас лично неа не ја видов но зарем нејзиното име не беше спомнато повеќепати.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Само името не ти го знам. Како се викаш? - Златко, - одговори детето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ова време само лиоти шетаат, вели, ова време никој на име не ти се одѕива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)