империја (имн.) - во (предл.)

Но Татко сметаше дека требаше да се дадат уште неколку појаснувања за крајот на јаничарската империја во Отоманската Османската Империја, значајни за судбината на зборот и во тој дух започна: Завршуваше епохата на робовите кои ја одржаа империјата како војска на султаните владетели.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За Татко, на пример, јаничарството како институција, им припаѓало речиси на сите империи во минатото, но во Османската Империја добива посебен белег, зборот имал стара и нова конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ретки беа јунаците како Скендербег кои се извишија од оваа протоплазма предупредувајќи го Западот за идните војни и немири, а опоменувајќи ја султанската империја во нејзиниот крај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Исламот ги толерираше христијаните и евреите, кога беа прогонувани од шпанските католици, и тие беа прифаќани не само во Андалузија, туку и во Отоманската Империја во текот на половина милениум и повеќе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Балканските држави преку Русија барале спроведување на реформи од страна на Османлиската Империја во корист на христијанското население кое се уште било под османлиска власт. Меѓутоа, нивните барања биле одбиени.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Османлиската Империја тоа го оценувала како мешање во нејзините внатрешни работи и извршила мобилизација на својата европска војска.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Многу време помина во разјаснувањето на поимот јаничар (кој етимолошки според турскиот збор значеше - нова војска), чија генеза на постоење под други имиња но со иста логика за употреба на војската (со кастриран идентитет) за да се овековечи владеењето на империјата, им беше позната уште на првите империи во Европа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXV Според татковата размисла кога една цивилизација започнува да се прашува за смислата на Историјата (Историјата ја пишуваше со големо И), тоа значи дека таа го насетува скорешниот пад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така би кон крајот на вториот век со римската Империја, така би кон крајот на XIX век со империјата на Велика Британија, така би со Отоманската империја во почетокот на XX век.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Големите империи во основата трагаа по воспоставување нов континуитет со нова војска.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И тој идеше од земјата на руската империја во пад, во времето кога се насетуваше една друга империја, онаа на сталинизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)