инает (имн.) - го (зам.)

Камилски кажуваше и други поговорки, фразеолошки синтагми, повеќето со хуморен ефект, но коишто јасно го оцртуваа јадрото на значењето на балканскиот инает во сите негови варијанти кај различни народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа македонската поговорка: Кога мажот ѝ се лути на жената, инаетот го тера на децата!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И, како што се велело, не се живеело со инает, туку за инает, како можен стил на живеење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османците инаетот го оставиле во аманет за идните времиња, но со надеж дека инаетот ќе остане во самиот себе, без да се пренесува на другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш носеше обетче и можеби обетчето, неговото црвено камче, ја привлече пчелата, мислејќи дека е цветче, па откривајќи ја измамата, од инает го касна?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мајка ми беше добродушна жена и немаше сили (ниту сметаше дека ѝ е дозволено јавно да го проценува однесувањето на татко ми) да се спротистави на инаетот на татако ми, така што таа секогаш тој негов инает го поддржуваше, не како инает, туку како негово право, па дури и правда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Те знам, од инает го нагрдуваш, проклет да си, богохулнику еден.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Од инает го велиш ова – ми забележа Дуда. – Сешто говориш од инает.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми се пристори како да ме сожалува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колку и да ги учеа па и воспитуваа на училиште да си го прибираат цртачкиот прибор по часовите; колку и да ги навикнуваа на ликовната академија а и на постдипломските студии да си ги избришат четките, да си ги затворат тубите и да си измијат рацете со сапун од сезможните бои и терпентини, пред да седнат над чиниите во интернатската менза - Гого не ги прифати тие придобивки на цивилизацијата и како за инает го правеше спротивното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)