инспекција (имн.) - или (сврз.)

Недостигот од течна храна го надоместуваа - наутро, пред да појдат на снимање, по обилниот појадок, со планински чај што сами си го береа патем и сами си го вареа во лимени чапчиња; навечер, кога ќе се вратеа капнати од терен и кога имаа време да си ги подгреат месните конзерви, со по некое шише или балонче вино од непознато потекло, за кое Геро не кажуваше од каде го наоѓа - дали преку врски со магазионерот, дали под тезга од кооперацијата или пак од некој селанец, кој брзаше да си ја доцеди бочвата пред да му ја исуши некоја реквизиторска инспекција или пред да му ја потопи идното езеро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Компјутерската технологија и интернет, алатки кои беа успешни во слабеењето на историската врска помеѓу близината, темпоралноста и социјалните односи, беа употребени за соочување со светот на физичките граници и „пасошки хендикеп“: 67 Fran Ilich, “Ready to Delete the Border”, Wired News, (23 Au- gust, 2003), http://www.wired.com/news/culture/0,1284,­ - 46234,00.html 52 “Границата е еднострана, само кога одите од Мексико во САД.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Обратно е слободна зона: без потреба од визи, секундарни инспекции или платени дозволи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)