интерес (имн.) - го (зам.)

Особено својот интерес го насочиле кон настаните во Југославија и Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Паметувањето на тоа родство, тој произлез и тие интереси го натеруваат секој член од некој народ да се одрече од некои свои права и интереси за да му посвети дел од своите сили на општото добро.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Третата категорија, Преведувањето и лингвистиката, ги вклучува студиите кои својот интерес го ставаат врз компаративниот аранжман на лингвистичките елементи помеѓу текстот на ИЈ и текстот на ЈЦ, земајќи ги во предвид фонемските, морфемските, лексичките, синтагмичките и синтаксичките нивоа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа игра на сенки, тој театар на животни, секој со интерес го гледаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во моите помлади години, свртен со многу поназначена љубов кон медицината и математиката, јас со посебен интерес го изучував проблемот на психеделичката уметност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Далеку позагрижувачко е поведението на Европа, која за сметка на своите сомнителни интереси го заборава својот долг кон еден мал народ во срцето на светот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сигурно и тој се сомнева, особено сега, откако се наоѓа в затвор, дека некој друг од личен интерес го туркал во овој правец".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги проверив личните податоци на затвореникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Внимателно ги разгледав документите и извештаите на иследникот Кожинката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Олга Наумовска во ПОЕТСКИ БЛЕСОК не зафаќа интересности од поетска природа само од нашето секојдневие, поетска смисла и значење на сопствениот интерес го испраќа безгранично.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Со интерес го следиме тренингот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Осмоодделенците ќе си заминат, па ќе треба екипата да се пополни...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Леле, да сум висок јас секако би бил перспективен...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со интерес го следеше коментарот на тоа дете - би рекле момчак - кој со голем жар ѝ ги објаснуваше фотосите грижливо прибрани од дневниот печат, списанија и туристички проспекти.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Макар што чувствуваше дека се оддалечуваа од темата на јагулите и нивниот пат, Татко со зголемен интерес го следеше текот на оваа Игорова мисла: - И така, мили мои, на грешките на Ленин, со нови грешки се надоврза Сталин.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но Д. преку оваа вест помина без некоја посебна возбуда и без планови што во ваквите случаеви личниот интерес го истакнуваат на преден план.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)