искуство (имн.) - со (предл.)

Моите искуства со критичарите и рецензентите може добро да се илустрираат со онаа фамозна слика на Гистав Курбе под наслов: Бонжур, мисје Курбе.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Имам големо искуство со вакви случаи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И покрај тоа, се женел двапати - и тоа не е единствената противречност во животот на човекот кој на сопственото тело го искусил дејството на јаките дроги, а сепак признава: „Никогаш не сум зажалил заради своето искуство со дрогата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Искуството со психоделиците го одвело Хаксли до мокши, екстракт од печурка кој служи како психоделичен сакрамент во неговиот роман Остров, како идеен проект за „идната“ психоделично- општествена култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)