испита (имн.) - бидејќи (сврз.)

При ова патување речиси постојано се среќавав, дури и се судрував со чудни фантазмагорични привиденија, чии што контури повеќе потсетуваа на кукли што ги гледаме по излозите но со подвижни екстремитети, со лица што се смеат додека очите плачат, дури и со зборови што не беа кажувани туку едноставно извираа од утробите на овие креатури.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И веднаш да додадам, станува збор за впечатливо и според мое мислење најдолго патување при тие мои испитувања бидејќи Бушавиот избираше такви коридори што користеа многу непознати скали; коридори со качувања и слегувања; коридори без светла но и со блескотно осветлени премини.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)