истрел (имн.) - од (предл.)

Се слушаа првите далечни и бездруго задоцнети истрели од артилерија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Командирот и заменикот на првата чета ги оставија раниците, па сметав дека бездруго ќе се вратат. Тоа беа нечисти раници и празни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
(Се слуша истрел од сандакот. Гаврил одскокнува угоре, се руши врз работ. Дупка од куршум во слепоочницата.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Одеднаш ноќта ја разбрани далечен истрел од пушка. Долета откај Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Наслушнував, немаше гласови. Долго време седев а се слушаа само истрели од далеку, а никој не дојде торбите да ги земе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)