казна (имн.) - во (предл.)

Да повториме, тој ферман пристигнал кај Скопскиот бег и кадија дури од Стамбол заедно со наведената наредба за извршување на спомнатата казна во врска со непримерното однесување на спомнатиот Никола Леко).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Доколку биде утврдена дисциплинска неуредност на работникот ќе му се изрече една од следниве дисциплински мерки: (1) писмена опомена или (2) парична казна во висина од 20% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинската неуредност, во траење од еден до три месеци, додека пак за утврден дисциплински престап се пропишаа следниве дисциплински мерки и тоа: (1) парична казна во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинскиот престап во траење од еден до шест месеци; (2) распоредување на работно место во непосредно пониско ниво и (3) престанок на работниот однос кога настапиле штетни последици за институцијата, а притоа не се утврдени олеснителни околности за вработениот со статус на давател на јавна услуга кој го сторил престапот (чл. 37-т).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со левата рака ги бројам прозор-чињата на сандаците, а нивните повеќејазични натписи ме предупредуваат на казната во случај на губење на клучот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)