кал (имн.) - под (предл.)

КЕВА: Знам, џанам, ама оди ти кажи му и докажи му нему!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дури потоа се појави и неговото извалкано од плачење лице.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
ТОМЧЕ: Ја нејќе! А зошто? Каква мана ѝ најде? Кал под нокти!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Доаѓаше низ некоја мрежеста темнина од која најнапред се појавија неговите кафејаво земјени прсти со многу кал под ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)