кал (имн.) - и (сврз.)

Подигањето на чифлизите стана така што мајсторите и потковичаните (нив, на последниве, тоа посебно тешко им падна: покрај што беа катадневно ангажирани во градежните работи, кршеа и довезуваа камења, сечеа плитари, бичеа греди, газеа кал и мешаа малтер, мораше да се грижат уште и за исхраната на мајсторите, за полето и за домазлакот) најпрвин го одредија просторот на кој требаше да бидат подигнати идните чифлизи, потоа истиот тој простор од Имотот и од селото го издвоија со широки сокаци и високи камени ѕидови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние не бегаме од разјаснувања и полемики; ние сме демократи затоа и смееме да загазиме во калта и да видиме што правите вие таму затапкани од јавното мислење на српската интелегенција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Корабите попуштаа во зглобовите: сокриениот товар го влечеше кон темното дно - в кал и неврат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И, ете, и кога можеби не се во прашање највисоки побуди, можно е да се создадат големи дела, во случајот целиот свет, сосе нас луѓето, од трошка кал и едно ухнување здив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Филозофот ја собираше водата од карпата, правеше кал и потем, од калта сочинуваше плочки меки; потем се качуваше во кошницата што беше висната над бездната; од кошницата, исправен, на прсти од нозете истегнат, со прсти од рацете сосема испружени, со крајни сили ги лепеше калните плочки врз првиот ред и добиваше отисок од сочинението.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Илјадници луѓе копаат, илјадници ги врзуваат ископаните коски со кал и вар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Збиваат и се демнат, никако да стасаат еден до друг. Под нив е кал и неродна мртвица, плазика во која ни мравка не живее, над нив се протега глува ноќ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бидејќи преку денот се исцрпуваше со собирањето камења, со правењето кал и со ѕидањето, а притоа наутро стануваше уште в зори, очекував навечер да си легне рано.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сепак Арсо Арнаутче можел да го види Лесново и низ метежот на сеќавањата. Тогаш и уште повеќе подоцна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сотирчо е готов да ја надуе гајдата како што вели мајка им, тешко му е да биде така влечен, а згора на тоа денот се смрачува, горе на небото како да се насобраа црни облаци и од време на време росолеа, пуштаа ситен дожд за дојденците да се намачкат сосема со кал и да се намократ и нивните бовчалаци, вреќи и сандучиња, како и самите тие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А ние возевме ги прскавме со разводенет снег, тие шлапаа во водата и калта и викаа, се довикуваа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И не ли е нашето превидување на таа промена само придружна појава на истиот оној машки кукавичлак што и нѐ донесе во оваа кал и понатаму затрупувајќи нѐ во неа?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но во дланката осети пот и влага, како да држеше студена кал и тиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Ништо, рече Ѓувезија, ми пресече малку коса.  Можеби затоа ми е страв, рече Сија Хаџибанова.  Но мене ми пресече, рече Ѓувезија Дубровска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И јас излегувам од окопата, целиот кал и вода, лисник направен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Или ќе ги најдам покрај јазот да прават црепни од кал и лепчиња од кал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас, вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали се англиски или грчки,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се чешаат така луѓето, ги полнат ноктите со кал и со кожинки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога го здогледа Хернандо, прастариот Форд прекриен со стврдната кал и ‘рѓа запре, а ладилникот бесно му клокотеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)