калуѓер (имн.) - ја (зам.)

Калуѓерот го врза коњчето за портата од црквениот двор и се запати кон групата луѓе што седеа на гробовите. – Христос посреди нас, браќа! – И јест и будет, оче дуовниче – му одговори поп Јаков и сите настанаа и со ред се прекрстија пред иконата на Богородица, која калуѓерот ја симна од коњот и ја понесе в раце, па ја бакнаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)