камион (имн.) - со (предл.)

Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го прегази камион со три приколки сред градскиот метеж и за негова среќа го кренал некој чесен човек, го предал в полиција и ѝ јавил на фамилијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беа три или четири камиони со војници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„... Во Велес јас не отидов да го барам камионот со боровинки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По патот најпрво се зачу брмчење, кое сѐ повеќе нараснуваше, а потоа на кривината се покажа камион со неколкумина Германци.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Покрај тоа, еден многу краток тестамент со кој јас бев определен за наследник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Камионот со поштенските пратки поаѓаше од поштата во Штип во шест часот наутро.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)