капак (имн.) - со (предл.)

Беше крај на ноември и од морето повремено дуваше ладен ветер што влегуваше в коски, особено тука, на крајбрежјето од островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Седната зад баба ми и дедо ми, за разлика од изразите на другите нивни фотографии, самите веќе завлезени во возраст што ја брише ведрината од насмевката, таа девојка со мазно, тркалезно лице од фотографијата, во нас гледа преку полуспуштените очни капаци со еден чуден, повлечен и скромен, а наедно бистар и настојчив поглед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Остави ме, меѓу нас е граница, слушам глас и сепак знам дека тоа сум го рекол во себе - капакот со срмен укит не се поткренал, нема ни да се спушти, и веќе не го знам јас ни крајот ни староста на облеката, црна и свечена, пресмртничка, секаква и никаква: ни облакот во длабочината на изминатите ноќи нема боја и нема цел и белег во сеќавањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Под сребрениот капак со изгравиран жерав времето се одмотувало кон својот бескрај оставајќи ја зад себе смртта на своите стопани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Карер го затвори гравираниот капак со иницијалите на дедо му, кои впрочем беа и негови иницијали, го врати на место стариот сребрен часовник и одново фрли поглед кон морската шир.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)