капка (имн.) - мастило (имн.)

Ако имаше само уште две-три капки мастило во мастилницата кои Татко успеа некако да ги врзе за перото.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кутриот Татко, со оваа перодршка, како со копје, и со последната капка мастило, како со последните капки на крвташто течеше низ неговите дамари, токму со оваа перодршка што ја држеше цврсто, како со патерица на своите тешко контролирани и задржувани мисли, на листот бела хартија, го задржуваше простум своето тело, својот дух, својот живот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Градот се ширеше како капка мастило на попивателна хартија и гробиштата беа сѐ подалеку и подалеку.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Долгоушлестиот лад поет кој умее во капка мастила да ги наслушне подземните гласови, се сокрива во некој јавен ВЦ и останува во него со часови. Плаче.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Грстот песок крај неговите нозе само за миг ќе потемни од палавата капка мастило што бегајќи од перцето веднаш се впива во ненаситените усни на песокот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)