карта (имн.) - за (предл.)

Тој беше весел и уште од вратата викна: - Имам три карти за кино! Пригответе се, одиме веднаш!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ни на сон Добив 500 000 денари на грепка, купив внатрешна гума за велосипедот на Ане, карта за на брод на Сара и матурски чевли за Долорес.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Возни билети и лични карти за преглед!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш почна самиот да се обвинува. Не требаше да избрза со писмото што ѝ го напиша... И со картата за пат...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Службеникот строго ѝ се обрати: - Ве молам, и картата за детето!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Бев на онаа... Мислам Кавалерија се викаше. Или така некако... Одамна беше...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив дека приредбата зборува нешто за Војната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тој другар Кочко со години ми испраќаше карти за неговите премиери.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како исклучок од ова, од 2007 година странец може да поднесе барање за издавање на работна дозвола до Агенцијата за вработување, само доколку поседува: •  дозвола за привремен престој врз основа на семејно обединување, •  дозвола за привремен престој на член на потесното семејство на државјанин на Република Македонија, •  дозвола за привремен престој поради хуманитарни причини, и 115 •  лична карта за признаен бегалец, лична карта за лице под хуманитарна заштита и идентификациона исправа согласно со Законот за азил и привремена заштита (чл. 10, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со розови ракетни карти за Калифорнија, сини за Мексико.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)