катедрала (имн.) - во (предл.)

Само Господ знае што има подземи во подземната солена катедрала во Зипакуира: можеби солени јажиња за бесење, можеби гнезда на јалови птици.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
6 Во окото на камерата се сместени крајбрежните трски, мирнотијата на водата, мноштвото јата од разновидни птици, островот Свети Ахиљ и ѕидовите на големата, некогаш прекрасна катедрала во која се молел царот Самуил и неговите воини, високите езерски камени бели брегови во кои сѐ уште се сочувани пештерските црквички и келиите на калуѓерите- испосници и иконата на Света Богорица насликана на карпа сто метри над езерската вода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Додека се враќав дома во немирот на враќањето од враќањето, длабоко во тишината на мојата душа биеја заробените звуци на скадарските катедрали во Атеистичкиот музеј, на придушените молитви на несреќните верници во земјата на тројното верување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Според него, подеднакво е опасно да се оправдува освојувањето како со постоењето на катедралата во Стразбур така и со генетското наследство на Алзашаните.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А.А. продолжи самоуверено: - Првите атеистички музеи никнаа по Октомвриската револуција во СССР во големите катедрали во Ленинград, Москва, Киев и во многу други градови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во миговите кога ја дочитував збирката песни на еден провансалски поет, запомнувајќи ги стиховите – во Арл кога сенката поруменува, под ружите и свети времето, внимавај на благоста околу тебе – вниманието ми го привлече текстот „Папата Јован Павле II ја осветува Катедралата во Скадар”, во отворениот дневник Ле Монд, од 23 април 1993 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Господ знае што има подземи во подземната солена катедрала во Зипакуира: можеби индијански мумии, можеби конквистадорски мермери.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Имаше зраче надеж, како светлината која се прекршуваше, губеше, кршеше од заробеното парче витраж од некоја катедрала во Атеистичкиот музеј, кое доаѓаше од единствената фигура во таа заробена човечка протоплазма, а тоа беше од време на време навидум доверливиот глас на А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)