кафе (имн.) - да (сврз.)

- Што мирише овако, прашува Јоле, печени пиперки, велам јас, не мирише овако паприка, вели Јоле, може е клечитурај, велам, или може некој се преобува, од кое кафе да сварам, вели Велика, од најцрното, ѝ се одѕивам, камо да е така, ми враќа таа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Повели, чорбаџи Јован, еден кафе да видиме дали убав направило Катето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Каков анален простаклак од устен происход е да се каже: „Овие не се мустаќи, ова е сунѓер за газот бришење; ова не е алатот, ова е џезве за кафе да си варат жените; овие не се очи, овие се ламби за да не одат жените на мочање по темница; ова не е глава, ова е шутка, во неа да се мочат и серит домаќинот и домаќинката, сега е зимно време, мрсно се јадит, дрско се серит.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тешко на тој што ќе влезеше во ова кафе да нѐ поздрави „прописно“. Се знаеше: ќе плати една ока „запрженица“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А замисли, на гости дечиња на журка, и едно две, им се мочка, им се кака, а вода нема ни кафе да направиш, а не па подморници во тоалетна шолја да потонуваш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Една вечер, божиќни пости, Толе седеше со Јована и некои други Јованови другари, кога во кафето, од маса до маса, се пронесе тивок глас дека војводата Гоце Делчев ќе дојде вечерва во кафево да се види со своите пријатели и да проговори некој и друг збор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)