кафез (имн.) - со (предл.)

И во темницата скржаво ќе ги подотвори нозете, небаре вратниче од кафез со диво пиле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па сепак, кафезот со стаорците не беше ни два метра далеку од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нѐ делат во кафезите со решетки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наѕирнувавме во берберницата каде што меѓу кафезите со канаринки и олеографиите што претставуваа сцени од „Отело“ висеа несмасни гравури со бродови: на нив се гледаше пропаста на „Титаник“, кревањето во воздух на „Гвадалкивир“, потопувањето на „Луизитанија“. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 146
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)