кеса (имн.) - со (предл.)

(Соња штотуку влегла во собата. Облечена во мантил, влажен. Носи пластична кеса со храна.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Сите ќе умреме. Еден ден“, ете така ми одговори за болеста од која со години се лечеше, за операциите, за хемотерапијата, еднаш, двапати... кесата со катетерот закачена на ременот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нешто потоа, седеа на една маса на тротоарот и пак пиеја кафе, Едо пластичната кеса со телефонскиот именик од Сан Диего и кесата со блокот, пикнати една во друга, ги имаше ставено на масата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)