клас (имн.) - гимназија (имн.)

Овој и ваков Бино, со два класа гимназија, многу добро си ја бркаше даскалската работа: да ги научи децата да пишуваат, да читаат и псалат во црквата, но загрижен за својата материјална положба сосема малку работеше на националното подигнување на народот па и тоа што го правеше, го правеше во насока што му ја укажуваа егзархиските луѓе, т. е. кон Б'лгарштината.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во револуционерното движење се вклучил во Кратово кога бил во IV клас гимназија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога победи партијата на Луција, и кога тргнавме во последниот, четврти клас гимназија, почна да се покажува смислата на тој настан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Свидетелство, за завршен трети клас гимназија, доби и ученикот Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Прв пат таа негова особина дошла јавно до израз кога бил во VI клас гимназија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)