клас (имн.) - во (предл.)

Сѐ имаат во предвид Германците кои Турците ги викаа Аламани аландарка — скитница, маалуша, покуќеша што шета по куќи алипен — сакат од нога или рака, око итн. ампа — несреќа алтица — парче од ткаенина — крпара амак — будала амле — грижа аргач — ограда за овци во нива ариза — поклон армасување — годеж, посвршување девојка вдовица аро — страшило артирисува — заштедува асло — зелена нива напролет без клас во која пасат јагнињата астретен — оскуден ата — несреќа бабуа — грижи од бабата за новороденото дете басам — не признавам, одречувам тоа ти што го тврдиш баснар — човек што баи, врача бастра — болест по растенијата беане — ивтирија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Соколе во турско учеше до трети клас во Солун, после ја напушти школата и работеше како бакал. Сега е стар за работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оние, побогатите, кои го свршија третиот клас во Кукуш, се запишаа и тргнаа да го продолжат учењето во Солун.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тогаш сè уште бев во втори или трети клас во средно и редовно одев на викенди во Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И сега таа свечена, за мене приредена глетка, под ритмот на музиката, предизвикува девојките да се вејат како класје во поле со стасана пшеница.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Направо го заврши првиот клас во Средното угостителско. Има девојка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема им кажа дека бендот го имаат составено другари кои одат во ист клас во градската гимназија.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Едниот чувар на редот беше жена, малечка и набиена, од оној тип кој што без проблем ги тепа сите машки во класот во основно.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Прашаа дали сум пуштил едно ливче во класот во кое сум ја нарекол Луција со недостојно име.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тивко е темно сред класјето во полето и осамотеноста боли Барем вечерва, вечерва слезете долу развеселете ме Зошто не би дошол тој сам во собата нам ни е долу страв Ноќта е темна ноќта е густа нам ни е долу страв
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)