клопче (имн.) - чад (имн.)

Набргу веќе не можеше да стори ништо друго, освен да се повлече на крајот од своите ветки и уште само да гледа како дебелиот пар од другата страна се престорува во една црвено-зеленикава грутка зазрачена жар, што го печеше со својата топлина и го гушеше со густите лути клопчиња чад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во снегот од нив остануваше само клопче чад. Но, неговите можности одеа само дотука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кучињата во селото побеснеа од лаење и завивање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Онаму каде што пред само една секунда стоеше неговиот соборец сега имаше само клопче чад, а некаде скриено зад тој чад што се појави одеднаш се слушна речиси нечовечко лелекање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)