клуч (имн.) - во (предл.)

Се чистат објектите, се приготвуваат за предавање со клучот в раце на инвеститорот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Маргина 34 63 Откако со лифт се качи до нивниот кат, таа го бара клучот во нередот на својата чанта, но не успева да го најде, а потоа се присеќава дека при избрза­ното излегување од хотелот го беше спуштила во џебот од пантало­ните.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Едноставно ќе ги спакува своите работи, можеби дури ни тоа, по ѓаволите со тоа, можеби само ќе се облече во облека за излегување, ќе ги закопча копчињата затвори дрикерите повлече патентите и ќе ги остави клучевите во кутијата за експрес чекирање, тоа е за нив, всушност, господинот и госпоѓата Платено Однапред, или дури ни тоа, ќе го уфрли клучот во кое било патемно поштенско сандаче, повратната поштарина е загарантирана, по ѓаволите со тоа, време е да се тргне.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Според упатствата на чуварот на плажата облечен во џелаба, го паркирав (и заклучав) нашето правоаголно комби меѓу боровите и, faute de mieux (или можеби поради претераната доза на арабијана: камили на плажата, расфрлани колиби налик на номадски шатори, некои од постарите жени не само во кафтани, туку и со црни велови), ги ставив клучевите во џепот од гаќите за бањање, од каде што, во текот на нашето играње во брановите, му се придружија на огромниот инвентар на ствари изгубени во морето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Со докторската диплома во пазува и кабинетот под клуч во џеб, со младата мајка и идната аптекарка дома, со стариот татко во родниот град и сиот товар од авторитетот на традицијата во лекарската професија - се впушти Миха во оној метеж од брзак што се вика општествена афирмација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И сега, како да откриваше некој клуч во животот што му преостануваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
(Бара клуч во палтото и од како го наоѓа отклучува, но кога го подига капакот и некој ризи очите необично ги отвора и паѓа — седнува пред куферчето).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Го зема куферот и излегува. Вртењето на клучот во бравата и штама.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-Одам сега - му вели на својот при. сликар; тебе ништо не ти е јасно, но еден ден ќе ти се разјасни само; морам да проживеам пред да се замонашам; ова не се многу пари, поготово ако трошиш многу; сѐ е тоа глупо, но вреди да се проба, нели; три или триесет години провод, што е тоа во однос на вечност - еден момент, нели? Чудни се патиштата...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој долго го местеше клучот во бравата, стенкаше и говореше нешто за себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И видение јасно, светлина силна во умот ми се јави, па се состави мозаикот: ми стана јасно од какви причини го немало Лествичникот на закопот од неговиот татко, и разбрав дека отсуствувал шеесет дни и шеесет ноќи, токму колку што треба за да се потроши под нозете патот до Дамаск и назад, ми стана јасно дека го украл клучот од западната одаја, од рубата на неговиот татко пред овој да се упокои; и дека златниот клуч е умножение, дело на рацете на Амореецот; ми стана јасно дека Лествичникот, откако направил умножение на клучот, го вратил изворниот клуч во одајата на неговиот упокоен татко, и дека од тагата по таткото овој се лишил, само за клуч-близнак од одајата кобна да поседува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А тој продолжи: „Освен тоа, ти виде, нели? Виде дека тој знаеше како треба да се намести клучот во клучалницата за да се заклучи одајата?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
17. Тоа пресуди логотетот да пресече: утредента сам го донесе страшниот клуч во одајата на Филозофот и му го предаде на рака.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сепак успевам да влезам во внатрешниот двор и да го пронајдам забранетото ковчеже со рѓосаното клуче во него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас еве седум години сум терорист и уште така сигурна рака не сум видел. (Се слуша клучот во вратата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Потопена прво во чоколадно млеко, па во етерични масла, па измасирана со крема која ја враќа младоста во кожата однадвор, за кога тој ќе чукне на врата двапати кратко и еднаш долго и ќе го стави клучот во брава, а рајберот таму кај што треба, ти, демек, да процветаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дури по четвртото чукање го слушна чкрипотот на клучот во бравата и отворањето на вратата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој не бил дома, но ги нашла клучевите во ходникот, скриени во саксијата за цвеќе, каде што секогаш ги криеја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Две години подоцна, нивната љубов сѐ уште траеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потоа сосема мирно, очевидно поуспокоена го заврти еднаш, двапати, до трипати клучот во бравата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Запре уште на зборовите: чекмеџе, фиока на маса и малечко сандаче со клуч во кое се чувале драгоцености, касета (од турски cekmece); кревет (со потекло од грчки krevet); миндер, послан и подреден со перничиња, (од турски minder); оџак, огниште, димник (од турски ocak); ќумбе, ќумбенце, печка (од персиски kmbet); мангал (од турски mangal), маша (од персиски masa) ќунк, ќунци (од турски knk).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски најде меѓу називите за одделни делови на постелата и неколку карактеристични заемки останати во употреба во балканските јазици до денешни дни како: душек, постела (од турски döşek); јорган (од турски yorgan); јастак, јастаче, јастук (од турски уаѕtk); чаршав (од персиски çarşaf) со поширока употреба како чаршаф за душек, за јорган и покривка на маса и слично; калаф, навлака за перница, а во поново време преслека на тапацирани делови на мебелот (од арапски kalif).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Војничето, во мигот, ништо не рече. Го сврте клучот во бравата, еднаш, двапати.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Одвнатре штракна клуч во бравата и вратата се отвори.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Васко се испави покажувајќи го своето несмасно доброќудно лице, со рацете маслосани и со клуч во едната рака.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Конечно, г-нот И. и г-нот А. можат да отпатуваат, со автобус, во македонско гратче каде што не биле веќе десетина години. цртежи на местото на трите точки: часовници, бремени жени, лист, бакнеж, календар, недопуштена цигара, клуч во брава, салфетки, полуиспразнета чаша, чадор, мачка, сексуален акт во „јавачка“ положба, циркузантче со неопределен пол што балансира по жица, дланка што на Венериниот брег има хоризонтална лузна, расипана жолта неонка што со крцкање се пали и се гаси, куче скитник што лежи на персиски тепих со главата на предните шепи и мрда со опашката, медицинска сестра со старовремска капа и јаки листови на нозете, девојка со испулени сини очи во жолта фротирска машка пижама, сцена од автобусот, во кој, заедно со г-нот И. и г-нот А., се возат и еден молчалив татко со своето зборлесто девојче, кое му се обраќа со „татко Ратко“, еден испотен бизнисмен, кој постојано вика во мобилниот, нагласувајќи дека ќе биде таму најдоцна за еден саат, плус-минус пет минути, млада ромска девојка во која таа ем се кара, ем се смее: Ава карик... тева кераптуке нешто ... макелту манца... а тој ѝ се смее, и ја гушка. г-нот А. кон г-нот И., додека автобусот минува низ една клисура со бујна вегетација и брза река (дождот, сепак, не падна): Те сфаќам, љубовта не е баш секогаш фер спрема оние што љубат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Жената што со него влезе во лифтот не си ти, туку комшивката Гога.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Помислив еднаш да се вратам, и така бев го заборавил клучот в цеб...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: (Со здржан прекор.) Е, тоа, измеќарот мој, да си го правиш твој... Не е ред...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Чекаше цела вечност пред да слушне шлапкање од влечки во ходникот и вртење на клучот во бравата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија само ја подотвори устата и од што беше шокиран и разочаран заборави да ја излиже големата тегавица плунка што му се залепи за забот и усната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
(Оди до вратата. Ја заклучува. Го става клучот во џебот.) Пасапорт вади, не гледај ме.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)