клуч (имн.) - со (предл.)

— Сега дојдете кај нас, ми вели Татјана Сергеевна Перипелицина, ние имаме клуч со нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ја заклучи источната одаја, и клучот со себе го зел, па го пренесол умножението, без никому да го покаже, во западната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ЛУКОВ: Добро. Не заборавете да земете и клуч со себе. И... не задржувајте се долго.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Крамповите, лопатите, секирите и клештите, виљушките, ножевите и француските клучеви со коишто си помагаме во животот се испокршени, изгниени: Политиката е куца курва, којашто веќе никому не може да му го подигне, нацијата е мртва, парите се импотентни и веќе не можат да го одушеват модерниот човек.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)