книшка (имн.) - со (предл.)

Таа темносина книшка со црвено-бел грб само одново потврдува дека сум родена тука кај што сум родена, а поради долгочасовната борба за него ќе го ценам како да е пасош на државата Луксембург.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На ова укажува и книшката со индикативен наслов Календар за годините што минале.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Читачите си ги читаа книшките со сериозност на парламентарци.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)