кодош (имн.) - во (предл.)

Го најде зборот кодош во сите балкански речници, но и во француски енциклопедии со пошироко значење и употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кенефот Весел беше кодош во приватната детективска агенција „Фрли па барај“, која во последно време држеше тезга на кванташкиот пазар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Соросоидот, најверојатно, генетски потекнува од некој кодош во историските војни и во најмала рака би требало да биде абортиран, но не сакајќи ја здогледал светлината на денот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Откако потсетија дека за утредента претстои разгледување на судбината на зборот кодош во балканските јазици, тие првпат откако работеа заедно излегуваа во градот среде бел ден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)