кожа (имн.) - ми (зам.)

Сето ова делува најприродно, како и суптилните, кружни движења на нејзините полнички дланки, кога во наежената кожа ми втрива мирисно масло од темното, осмоаголно шишенце со етикета „Здив на боговите“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога знаев дека само ти можеш така да ме натераш да викам. Кога кожата ми беше топла.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Кожата ми се ежави кога ги слушам твоите бабечки стравови и не знам какви уште дивотии! - се лути Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ќе ти покажам едно место, - рече Бојан. - Мене таму секогаш кожата ми се ежи, кога ќе помислам...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакам кога од нешто се намовнувам. Така кожата ми станува како на праска.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И мислев дека коските ми се без тежина, ветришта свират низ нив, ќе ме покријат, заспан и без соништа, без треви и без облаци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доаѓаа и разговараа над мене, не знаев кој и не знаев што, конечно легна врз мене мрак на треви или мека сенка на облак, или можеби ме фати стапица на недолговечна смрт, умирав, мислев дека сум мртов, дека смрзнатата кожа ми е гроб под кој веќе нема ни движење ни надежи, нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да ја мие крвта и да ни го лади оружјето. Ја стегам пушката, а кожата ми трепери, ко масло на вода. Лилјак сум направен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кожата ми се крева до под колена и ме чеша, ме јаде под завојот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)