кожа (имн.) - ќе (чест.)

А во тврдиот наш патријархален принцип (подобро речено, сèмрачно јадро, бидејќи принцип подразбира некаква рационализација) не е важно која идеолошка обланда ќе ја земете, во која фолија ќе се вовлечете, со која змиска кожа ќе се преслечете. 24 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога Ружди берберот ќе им ги острижеше обраснатите тилови, над опалената кожа ќе се појавеше уште еден прст недопрена нова, бела кожа, која дотогаш била под косата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Раснам, кожата ќе ми искпука. Но таа се фрла помеѓу мене и пилата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само на својата кожа ќе осетиш, зошто: „Среќен е оној што умее да сака“, вели Хесе, „и да биде сакан“, велам јас. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако ве убијам, дали вашата напудрена шугава кожа ќе ја избрише таа срамота? Како да ја избришам таа срамота?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Денеска, утре, тој кради, таја јади, аир не можел да видит, голема мака му било, в кожа ќе си пукнел дури, одошто инат му идело на лисицата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мајка ми од кожа ќе излезеше. Викаше по татко ми: - Господе, се подетини! Господе, се подетини!
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Вода да се напие низ кожа ќе му се види.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)