кокошка (имн.) - ги (зам.)

Вол, коњ, маска, магаре, овца, коза, што имаше добиток со четири нозе, та дури и кокошките ги собираа и ги тераа во дворот на Биринџиевци, каде што Мефаил кондисуваше секоја година и седеше по недела две, насладувајќи се од убавините на трите ќерки и двете снаи на чорбаџи Стојка Биринџиевски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Една кокошка ги колвеше врвците од чевлите на Милан и една обоена дамка на неговата ногавица од панталоните.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кошот го наполни слама, кокошките ги затвори. Пак црниот петел го нема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Добиче, да речеш немаа. Не стасуваше ни за нив двајцата, па козичката и кокошките ги чуваа во сеќавањата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)