кокошка (имн.) - кој (зам.)

Чана ги пресоблече внучињата на Петра, зад себе во ќошот ги стави врзаните кокошки кои ни претаа ни кокодакаа, Добра го затопли Ленчето, а мажот ѝ ги собра мокрите алишта од внучињата на Петра и од Ленче и појде крај огнот да ги суши.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во исто време, тој заедно со мајка му Анѓа, во Рада гледаше златна кокошка која на секој први ќе му го дополнува џебот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вистинските петлиња се уште има вршат смотра пред кокошарниците на сите кокошки кои тогаш мора да носат црвени марами како за Денот на Републиката или Денот на пионерите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се сети на своето село, на куп луѓе под сенките на големиот орев, на јатото кокошки кои го колваа буништето, на свињите кои ги таманеа како крв засирените црвени бобинки, на бунарот и чкрипотот на чекркот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)