кокошка (имн.) - ќе (чест.)

Кокошките ќе се раскокодакаат, ќе претаат со нозете, ќе ги шират крилата, ама не ќе можат ништо да сторат, ќе дозволат да бидат однесени во просторијата под плочата каде што Чана веќе приготвила легало за неа и за нејзините пилиња веднаш до другата просторија во која ја смести својата мајка , нејзините бовчи и себе си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Само покажи му со прст на некого и тој ко кокошка ќе го заколе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
“ Без сочувство за бедникот, попот намотуваше околу десниот показалец перче од брадата, со прстите на левата рака пресметуваше нешто во себе: се пие и се јаде, од брав и неколку кокошки ќе останат само разбуричкани коски: му доаѓа да се расплаче и да признае дека не сретнал поголем пријател од младоженецот и му доаѓа да штипне една од сестрите на кумот Геле Накотник; сепак - мирен е, тагува неподвижен; сака да каже дека не му се живее во селска опустеност, не може, јазикот му набабрел и се залепил за горното непце; седи, тагува, ги слуша Марковите прикаски за прекуморскиот живот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)