кола (имн.) - од (предл.)

Големи камења влечкаа со кола од далеку, ги ѕидаа мајсторски, како вредни мравки...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Осоколен од помислата, стана, ја извади колата од гаражата и за десетина минути се најде на половина пат до детското одморалиште „Киро Дандаро“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Санитетските коли од Швиноујшче ги превезуваа грчките партизани во болницата „250“ на островот Волин.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Виделе луѓето дека таму свртела колата од Хрушчов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Престигнувавме и остававме далеку зад нас други коли со дипломатски ознаки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бешир минуваше и низ црвени семафори откако ќе забележеше дека немаше коли од десната и левата страна на попречниот пат! Никогаш не возел побрзо!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)