комат (имн.) - леб (имн.)

Остатокот од пешникот ѝ го подаде на Мара и потоа тројцата засркаа од гравот, држејќи ги во едната рака коматот леб, во другата лажицата. Братучедите лакомо јадеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таму нè држеа едно месец дена, само на комат леб и чапче вода.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога дојде ред да одморат и да поткаснат, малку понастрана од купот седна Пелагија и ја рашири шамијата со коматот леб и сирење, а за да не биде сама, крај неа квакна Танаскоица со краишник и голема грутка сирење.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)