копје (имн.) - и (сврз.)

Исполнет сум. Претечувам Од ѕвезди, од песни Со кои ги залечувам Невидливите арабески Изрежани по суштината Моја, по внатрешнината, Од која се лачат и зрачат Моите певни стихови, Моите копја и штитови Со кои се бранам и напаѓам Крај кон се раѓам и умирам (Пак и пак и пак) Се чини, така ми е судено Да сум стишен и извишен знак. Зрак.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
„Ние мажите првин одиме на лов потем по пештерите - скришниот предизвик на светлоста - цртаме одбрани ловечки сцени со стрели и елени со копја и бизони.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И оној тогаш водел ајдамаци со калпаци од мечкина кожа, ги качувал и ги спуштал по ќорави беспатици и ги избегнувал населбите, ги избегнувал и местата на кои кесарови копја и стрели господареле над животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под дното ви бездна небид врз ви мост - копја и векови .. .
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто станал челник на дружината, зошто не ѝ рекол на игуменијата дека пред сто или пред илјада години тој самиот, неговото срце или неговиот разум во некој друг, водел кон магли исто вакви тврдоглави човечишта и ги оставил коските под врлежи зашто без престан се судрувал со алчност и со безумност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)