кора (имн.) - за (предл.)

Питите ѝ одеа малку потешко. Ама со годините и времето научи да го стегне кр’нгот и в раце да го заигра сукалото под кое добро измесеното тесто се сучеа кори за пита со пресул, со праз, со кастици, со кромид и свинско пржено, пита со тиква, со урда и праз, со коприви, со корки мешани со урда и јајца... сучеше и кори за бурек плескан со по четири или пет кори со урда, сирење, бурек виткан окол-закул со сирење и кори за бурек - плетениот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И за саралија со шеќер или со мед, за мазник - кори печени на сач и клавани една врз друга, та попрскани со млако топена маст, кори за оризник – и тие печени и попрскувани со маст и ориз или кори за лешчалник и фасулник, пак печени на сач та поливани со леќа или грав омекнати во млака овча маст...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мисионерката и не претпоставуваше дека куќарката во која престојуваа е оддалечена само половина километар од најблиската воденица, и дека токму во таа воденица, три умешни селанки ги расукуваат корите за пити и ги готват сите оние јадења за кои таа имаше многу високо мислење.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ја отвораше како да оддиплуваше кора за мазник и почнуваше со тој свој зарипнат глас, а јас трепетливо и некако исплашено, гледајќи во неговите насолзавени очи и во бузите и од тутунот подгорените мустаќи, повторував: - Аз, буки, веди, глаголи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)