коса (имн.) - со (предл.)

Кога се искачив за година-две погоре во осмогодишното образование, ветрот што ја будеше мојата љубовно-музичка пролет, доаѓаше од електричните гласови на момчињата што имаа долги коси со боја на старо злато, тесни панталони - ѕвонарки, цветни кошули со пеперутка јака и чевли со платформа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Една ситна жена, со коса со боја на песок, која работеше во соседната полукабина до Винстон, седеше меѓу нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одвреме навреме татко му застануваше и ја остреше косата со каменото точило.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Маќеата немаше никаква врска со тоа – таа беше симпатична, насмеана жена, која имаше навика постојано да ја зафрла темната коса со левата рака и да ги допира сите со кои зборуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Јан“, реков. „Немој.“ Тој не реагираше; продложи да поминува низ косата со прстите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога си ја мачкаше косата со ума, тој ѝ потураше жешка вода од котелот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Никифор ми ја влачи косата со прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Под брегот браздата со вода се тенчи, се исукува и како змија се крие низ камењата и лопушките, крај неа пиштат жегалци жедни на ридот се гледа забодена коса со сечилото свртено нагоре кое одвреме навреме одблеснува на сонцето како молња да прелетува и навира морници; чиниш: Архангел со мечот минува или се токми да мине.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мајка му најмногу сакаше да си ја мие косата со дождовница.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Си ги намачка лицето и косата со лимонската тоалетна вода која, обично, ја употребуваше за смирување и за освежување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)