кошница (имн.) - во (предл.)

Ја симнаа од таванот плетената кошница во која ме растеа мене и мојата територија беше загрозена.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Затоа денес во Розино и машко и женско, и мало и големо, и ученици, и деца и старци, сѐ што е работоспособно - со кошнички в раце по градините берат ружи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше сигурно пазарен ден, оти помнам, насекаде вриеше од луѓе, сите дуќани беа отворени, се слушаше чукање од ударите врз вжештеното железо од ковачниците, стотици селани, селанки, граѓани и граѓанки се стискаа низ сокачињата со зембили, торби и кошници во рацете, кај папуџиите имаше многу шаренолики пантофли извадени надвор пред отворените кепенци, потоа јорганџиите, наланџиите, леблебиџиите, многу беше живо, навистина...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Круши-зимјаци и не бараше веќе, зашто пред две недели дедо му ја испрати последната кошничка в село.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потем заби едно колче над привот ред, над бездната, врза една ортома за колчето и побара од нас да сплетеме кошница во која ќе може да се смести човек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зеде од кошницата во аголот десетина компири, и ги пушти во водата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пославме шарено чергиче и Тета ја отвори плетената кошница во која имаше сендвичи, колачи, овошје и сок во термосот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со коритото не знам што се случи, ама штицата се уште е потпрена на кадата и врз неа стојат шампонот за коса, сунѓерите за капење, каменот за чистење пети на мајка ни...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)