кошула (имн.) - или (сврз.)

Си треперела ли некогаш в грло како нож што не знае дали до дршка да се забуца во ленена кошула или свечено да блесне под болнички рефлектори?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Колку толку да се избега од опулот на другиот, да се има сопствено интимно катче каде може човек да си ја смени кошулата или гаќите без да се срамува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со левата рака, на десната негде и некогаш некој му ги исекол трите прсти, со палецот и показалецот можел само да наденува конец на игла, да крпи јамки на парталосаните беневреци или нешто слично, да ја треби од гниди ленената кошула или да ги суче прудолу ретките мустаќи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Алек, ако случајно ти треба кошула или сако...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)